(ВИДЕО) Новиот МАНДАТАР Зоран Заев за Макфакс : Веднаш почнувам со средби со коалициските партнери, час поскоро ќе има влада

0
778

Новиот мандатор за состав на влада, Зоран Заев, почна со средби со коалициските партнери за, како што вели, процесите за промена да почнат побрзо.

„Јас сум среќен што денот се погоди, две години од 17 мај 2015, кога бликаше граѓанскиот аспект на единство, сплотеност на сите во ова општество. Драго ми е што токму на овој ден го добивме мандатот, како шанса да се обидеме да формираме влада. Јас сум прилично убеден дека ќе ја формираме владата во многу брз период“, вели Заев за Макфакс.

Чувствата според Заев се среќа, но и одговорност бидејќи граѓаните очекувале резултати. Заев вели дека новото мнозинство ќе носи мудри одлуки за сите граѓани.
„Една од причините што веднаш заминувам на состаници е токму таа, час поскоро да има влада“, додава тој.

Вечерва пред Влада е најавен собир, за одбележување на две години од најмасовниот протест на „Шарена револуција“. Заев, запрашан за тоа дали ќе присуствува на собирот, одговори негативно, за со цел, процесите се забрзаат а институциите да бидат фунцкионални