(ВИДЕО) Новинарите на весникот Вест штрајкуваа пред канцеларијата на Срѓан Ќерим по најавата за откази во весникот!

0
277

IMG_0691

Вработените во дневниот весник „Вест“ денеска мирно протестираа пред канцелариите на МПМ против најавите на компанијата за отпуштање на десетици вработени и намалување на платите од 10 до 20 проценти.

Вработените се појавија облечени во маички на кои беше испишан слоганот „Македонија вработува, се бориме за секое работно место“- слоган кој е дел од новата владина кампања, иронично пренесувајќи ја пораката до менаџментот и сопствениците на компанијата кои важат за блиски до владејачката партија.

Видеото од протестот на следниот линк.