(ВИДЕО) НОВА БОМБА НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ за куртонот во МРТ, Диме Ратајковски : Освен во пропагандата вмешан е и во криминали со власта тешки 100-тици илјади евра?

0
2174

1119Прес конференција
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
10.07.2016

Почитувани граѓани,

Вчера се потврди: Преку Агеницијата за филм 30.000 евра одат во проект во којшто сценарист е послушниот главен и одговорен уредник на власта, на Првиот програмски сервис на МТВ, Диме Ратајковски.

Агенцијата самата си кажа дека парите се од Владата на Република Македонија, што е уште една потврда како власта корумпира уредници и во националниот сервис.

Што прави главниот и одговорен уредник на МТВ Ратајковски за возврат на парите што ги добива од Владата?

Дали Ратајковски освен во пропагандата на власта, е вмешан и во криминали со власта тешки 100-тици илјади евра?

Дали Диме Ратајковски противзаконски изнесува и дава на користење архивски материјали на МТВ и дозволува користење ресурси на МТВ за приватни продукции блиски до власта?

Во изминатите години, речиси целата архива на МТВ, од нејзините почетоци, 60-тите години на минатиот век, до осамостојувањето на државата е изнесена или злоупотербувана од приватни продукции, најчесто блиски до власта.

Тие продукции добиваат огромни суми пари од власта за проекти што ги прават со материјали и ресурси од МТВ.

Во некои од тие проекти, како сценарист или ко-сценарист, се јавува и Диме Ратајкоски.

Пример е документарниот филм за Ристо Шишков, за којшто Ратајкоски како одговорен уредник на МТВ, става потпис за издавање на целокупоната видео-архива за Шишков на приватна продукција. Во проектот тој е сценарист, што е класичен судир на интереси.

Потсетуваме дека МТВ плаќала суми до 100.000 илјади евра на приватните продукции, иако тие се изработени со видео материјали и ресурси на националниот сервис: како на пример 96.000 евра за Опуштено или 28.000 евра за емисијата на Васко Ефтов, 70.000 евра за светлосен парк за некој фестивал, по 8.000 евра за документарните емисии Судени за Македонија, Прогонувани за Македонија, Бесени за Македонија…

Ова се само дел од информациите што ги имаме за директната спрега на главниот и одговорен уредник на Првиот програмски сервисна МТВ, Ратајковски со власта, кои ја објаснуваат експресната кариера на Ратајковски за само 6 години од хонорарец во Документарната програма кога доаѓа ВМРО-ДПМНЕ на власт – до најмлад одговорен уредник на Македонската телевизија.

Под водство на Диме Ратајковски Македонската телевизија стана партиско гласило на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ а на штета на интересите на граѓаните со злоупотреба на ресурссите на националниот сервис МТВ и потта на вработените, за криминални цели на власта.

Затоа се потребни медиумски реформи што ќе ги спроведе новата Влада предводена од СДСМ. МРТВ ќе биде професионална телевизија, а вработените ќе бидат заштитени.

Доаѓа крајот на криминално-корупциската власт и сите кои кои работеле противзаконски, ќе одговараат.