Xрватска вечерва ја победи Англија со 2:1 во полуфиналето на Светското фудбалско првенство и за првпат во својата историја стигна до финале на Мундијал.
Веќе во 5. минута Киеран Триппиер го отвори резултатот со гол од слободен удар. Во средината на вториот дел Иван Перишиќ го изедначи резултатот.
Победничкиот погодок за „коцкестите“ го постигна Марио Манджукиќ во второто продолжение.
Во финалето на Светското првенство 2018 година в недела, на 15 јули, во Москва, Хрватска ќе игра против Франција.
Во натпреварот за третото место в саботата (14 јули), во Санкт Петербург, Англија ќе се состане со Белгија.
Ова е големо раззочарување за Англичаните кои креваа огромна паника во домашната јавност дека конечно по 50 години трофејот се враќа во Англија, или како што тие велат, дома каде што му е местото.