Авторот на книги за Александар Македонски и сопственик на градежната компанија „Македон Бетон“, Ниче Македон со уште едно хит видео кое се споделува на социјалните мрежи. Инаку, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски е зет за сестра на Ниче, а неговата градежна компанија, пак, често работи на проекти на власта.
Тој во видеото зборува за Груевски како спасител од злото.
– Груевски е најавен како душа која ќе дојде во младо момче која во последен миг ќе не спаси о д злото – вели тој.