(ВИДЕО) Николовски: 160 милиони евра секоја година за земјоделците за субвенции

0
326

Носителот на кандидатската листа на СДСМ во Третата изборна единица, Љупчо Николовски на прес-конференција во Штип ја претстави изборната програма, во која, како што рече, се понудени мерки и проекти со коишто достоинствено ќе се живее.

– Насочуваме повеќе пари кон граѓаните. Столбот на нашиот план за живот во Македонија е да ги вратиме парите назад кај граѓаните. Затоа испланиравме 160 милиони евра секоја година за земјоделците за субвенции или минимум 640 милиони евра во првите четири години наменети за земјоделски субвенции. Но, тие и ќе бидат загарантирани, навремени и ќе ги добиваат вистинските земјоделци за поголемо земјоделско производство, рече Николовски.untitled232

Тој додаде дека во програмата е предвидено во секое семејство да влезе уште по една плата со враќање на ДДВ-то од 15 отсто.

– Минималната плата во април 2017 година ќе биде 12.000 денари, вклучително и за индустријата за текстил и обувки и кожа. Силно ќе помогнеме како држава, секоја компанија од текстилот, којашто ќе дава просечна плата од 12.000 денари, да добие поддршка од државата од 1.900 денари за секој вработен. На крајот од првите четири години минималната плата во државата ќе биде 16.000 денари, рече Николовски.