(ВИДЕО) Николовски : СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година

0
579

Обраќање на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Во време кога се соочуваме со пандемијата на кроонавирусот, специфичните услови во кои се одвива образовниот процес, се поставуваат одредени прашања за кои навремено треба да се донесат соодветни одлуки.

Дозволете да го соопштам ставот на СДСМ околу одржувањето на државната матура.

СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година.

Бараме укинување на државната матура за оваа учебна година, поради условите во кои се одвива образованиот процес, придизвикани од заштитните мерки против коронавирусот.

Сите ученици треба да се ослободат од полагање на државна матура, а факултетите каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит.

На овој начин ќе ги поддржиме учениците, матурантите, имајќи ги предвид специфичните услови во кои се одвива образовниот процес и водејќи грижа за нивното здравје.

Сметаме дека ова е најисправната одлука имајќи ги предвид сите аспекти на кризата од коронавирусот за која очекуваме да се произнесат и надлежните институции.