(ВИДЕО) Николовски: Од сметката за прибирање странска помош на Министерството повлечени пари без покритие

0
542

Lj.Nikolovski3-685x320Веќе една недела актуелниот министер Цветков и аболицираниот министер Димовски молчат за скандалот со злоупотребите на парите од „јапонската помош“ и за договорот со Фактор Консалтинг, рече дополнителниот заменик министер за Шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој кажа дека во Информацијата во врска со земјоделската механизација од Програмата за зголемување на производството на храна во Р.Македонија доставена до Владата во 2011 година се констатира состојбата со уплата на 272.155.160 денари, средства од компензацискиот фонд, заклучно јануари 2010 година. Тоа е состојба два месеци пред да биде склучен договорот со Фактор Консалтинг, смета Николовски.

– Во Изводот за промените на состојбата на сметкта на ден 02.03.2016 година се гледа дека состојбата на наплатени средства е 322.869.346 денари или споредбено за целиот овој период има остварено разлика во наплата од 50.714.186 денари. Согласно договорот кој беше доставен до јавноста, Фактор Консалтинг покрај месечниот паушал ќе наплати и износ од 4.5 % од вкупно наплатениот износ на средства во фондот. Согласно овие официјални податоци тој износ е 2.282.138 денари. Но, од сметката на Јапонскиот фонд се исплатени 6 пати повеќе пари или точно 12.402.378 милони денари, вели Николовски.

Како тоа може од сметка на министерството што е наменета за прибирање на стрaнска помош за развој на земјоделството некој да си повлече стотици илјади евра без покритие, констатирано од страна на Комисијата на министерството? Во чии џебови се завршени овие стотици илјади евра, прашува Николовски.

„Да потсетиме дека тоа го констатирала Комисијата за управување на средствата доделени од Владата на Јапонија или така наречената „Јапонска помош“. Значи не јас, не мојот Кабинет, Комисијата од МЗШВ формирана од актуелниот министер Цветков.

Во извештајот се констатира дека на фирмата ФАКТОР КОНСАЛТИНГ од сметката на компензацискиот фонд, извршена е наплата на околу 50.000 евра за месечен паушал и наплата на долг.

Дополнително, дека од оваа сметка повлечени се уште околу 150.000 евра, пари за кои Комисијата на министерството констатира дека НЕМА ПОКРИТИЕ како и зошто истите се повлечени од правниот субјект. За тоа писмено е информиран и министерот Цветков на 30.09.2015 год.

Како може да се исплаќаат овие средства од сметка која е строго наменска и може да се користи само за намена за револвинг набавка на земјоделска механизација?

Како може аболицираниот министер Љупчо Димовски да потпише ваков договор?

Кој ќе ги врати овие средства во Јапонскиот фонд ?

Одговорност мора да има и ќе има!

Уште еднаш барам Владата веднаш да издвои средства за покривање на загубите во овој фонд а со тоа и овозможување на користење на овие неповратни средства“, вели Николовски.