(ВИДЕО) Николовски од Кратово: ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз работниците и стечајците, со СДСМ се враќа достоинството, СДСМ се бори за ред, дисциплина и правда

0
968
Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3.
Почитувани граѓани, почитувани пријатели
Ве поздравувам од мостот над Кратовска река, кој се наоѓа на самиот влез на градот. Истиот се санира, се работи и на коловозот и на пешачките патеки.
Се реконструира и пристапниот пат до Центарот за брза помош во Кратово, ќе се санира и свлечиштето на регионалниот пат Кратово – Пробиштип.
Ова се само мал дел од проектите што се работат за граѓаните. Има уште многу. И ќе има уште повеќе!
Во изминатите две и пол години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани. И инфраструктурно и за подобрување на економскиот стандард.
Го цениме трудот, нема веќе работа за срамни 9.000 денари минимална плата. Ја зголемивме на 14.500 денари, а ќе оди до 20.000 денари во следниот мандат. 12.000 стечајци добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање. Тоа е почит. Тоа е разлика!
Пари за граѓаните има и секогаш имало, само треба да се работи домаќински.
Состојбата е тешка, се бориме против последиците од коронавирусот. Сите погодени од корона кризата добиваат институционална и солидарна помош.
Еве само во Кратово, 521 лице ја  искористи мерката субвенции за плати од 14.500 денари и 50 проценти придонеси, а 1856 лица добиле платежни картички.
Во целиот Исток 24.431 лице добиле вакви субвенции, а 54.174 лица добиле платежни картички.
Има разлика драги пријатели. Од општество во кое ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството на луѓето, особено кон сиромашните и стечајците, денес станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права.
Значи можело!
Сега одиме понатаму. Нема веќе одложување. Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители.
Време е за ред и дисциплина во сите институции!
Функционерите и институциите  мора да се отчетни, транспарентни и чесни. Законски ќе бидат обврзани да ги објавуваат сите службени трошоци во извршната, локалната и судската власт, а за оние кои нечесно ќе работат, ќе следат санкции.
Администрацијата ќе биде департизирана, намалена за 20 проценти и целосно  во функција на граѓаните.
Нема веќе патни трошоци за пратениците во Собранието. Тоа водеше само кон страшна злоупотреба.
Тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Ние се грижиме за граѓаните, тие се грижат само за себе.
Затоа на 15 јули граѓаните без двоумење ќе се определат за СДСМ и Коалицијата „Можеме“!
За нов мандат, за целосно враќање на редот и правдата!
Ви благодарам.