(ВИДЕО) Николовски : Одекна вистината, Кичеец бил извршител на Мицкоски, се среќавал со него и работел за ВМРО-ДПМНЕ

0
159
Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.
 
Почитувани

Вистината денеска силно излезе на виделина, граѓаните на крајот  дознаваат се.

Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, кои упорно, 1 година се пласираат од скапиот бел дворец, за случајот познат како „Рекет“.

Граѓаните денеска слушна како Христијан Мицкоски имал средби, разговори и директна соработка со Зоран Милески Кичеец, сега веќе осудено лице во случајот познат како „Рекет“.

Значи:

Мицкоски  ја лажеше целокупната и  целата јавност дека немал никакви средби со Зоран Милески.

Мицкоски и Кичеец, активно и директно комуницирале, очи в очи, на средби но и преку телефон. Не преку „Петко-Станко“ како што самиот Мицкоски вели на објавената снимка, туку  сосема директно.

Кичеец бил извршител на Мицкоски и одбработувал за ВМРО-ДПМНЕ.

Активно ја помагал ВМРО-ДПМНЕ и работел  во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го ангажира Кичеец во изборни цели за претседателските и локалните избори во Охрид во 2019 година.

Оваа снимка освен што ја потврдува вистината може да биде основ и за постапки поврзани со изборен криминал.

Конечно, оваа снимка фрла око, вистинско светло на случајот Рекет кој очигледно води директно до овој скап дворец платен од граѓаните, до ВМРО-ДПМНЕ и до Христијан Мицкоски.

Почитувани,

Дека Мицкоски ги лаже граѓаните, дека е деструктивен и тоа сигурно го знаат, и одамна е познато и граѓаните тоа го знаат за него.

Но денеска, на дело се докажува неговата спрега со  тајкуни блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Само се потврдува зошто Мицкоски работи против правната држава, зошто ги брани криминалите на Никола Груевски, на режимот и зошто правеше се во овој период наместо да се реформира , да ги блокира и да ги спречи  сите реформи во правосудството.

Очекуваме целосно расчистување на овој скандал и одговорност, согласно законите, за сите инволвирани во овој случај, вклучително и на оние од белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ.