(ВИДЕО) Николовски: Нестручноста на Поповски е закана за здравјето на младите

0
401

Признанието на скандалот кој ја тресе Аганцијата за храна и ветеринарство (АХВ) добива нови размери. АХВ уште повеќе се заплетка во сопствената мрежа од нестручност и некомпетентност, реагира денеска дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Прво, згрозени сме од немањето капацитет и основно незнаење за тоа дали некој пропис по кој самите работат е во правна сила или не. Имено, директорот на АХВ очигледно не знае дека во септември 2015 година самиот донел нов правилник со којшто е ставен вон сила правилниот на кој се потпира АХВ во нејзината небулозна реакција. Второ, ако биле компетентни, тие ќе знаеле дека стручното лабораториско мислење и анализа од Институтот за јавно здравје на РМ се однесува токму на комбинацијата на алкохол со висока количина на кофеин и влијанието врз човечкиот организам, а не на означувањето. Трето, неточно е дека ова стручно мислење не е на барање на АХВ. Примерокот е земен од нивен инспектор од граничен премин Блаце и истиот од агенцијата е доставен до Институтот за јавно здравје. Еве го бројот на барањето и иницијалите на инспекторот кој го зел примерокот, ги добил анализите и морал да преземе законски мерки – рече Николовски.

Врз основа на сето ова, тој јавно го прашува гдиректорот Поповски, кој дозволил на пазарот во Македонија во февруари да влезе пратка и да се продава алкохолен пијалок со висока содржина на кофеин, кој претставува закана за јавното здравје на граѓаните, а посебно на младите?

– Зошто не е почитувано стручното мислење добиено од Институтот за јавно здравје од 12.02.2016 година, кој е највисока научна институција во областа на безбедноста на храната и јавното здравје во Македонија? Граѓаните мора да ја знаат вистината. Нивното здравје и нивните животи не смеат да се остават на случајност и на некомпететноста и нестручноста на институциите. Одговори мора да има, без калкулации, без компромиси – рече Николовски.