(ВИДЕО) Николовски: Незаконското собирање податоци од земјоделците, веднаш да прекине

0
425

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја обвини Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола за, како што рече, противзаконското работење.

Советниците од Агенцијата, изјави Николовски, оделе на терен по партиска директива и прибирале податоци од земјоделците за нивната имотна состојба.

– Директорот на Агенцијата дал писмени инструкции до советниците, надвор од законот, да одат на терен и да почнат да прибираат податоци од земјоделците за целокупната нивна имотна состојба, почнувајќи од лични контакти, телефонски броеви, што работат, што произведуваат и какви им се плановите. По налог на директорот, советниците ги прибираат и сите податоци за земјоделските производители, поврзани со апликации за земјоделски субвенции и други програми на владaта како и за земјоделска земја под закуп, рече дополнителниот заменик-министер, покажувајќи документи.

Овие податоци, додаде, потоа се злоупотребуваат за закани и уцени на земјоделците.

Николовски апелира, земјоделците да не подлегнуваат на, како што нагласи, ваквите притисоци. – Субвенциите се државна мерка, а не партиска и тие пари на земјоделците им се обезбедени со закон, потенцира дополнителниот заменик-министер.