(ВИДЕО) Николовски: Имаме три приоритетни проекти за Дојран

0
478

Не може да се одвојуваат 18 милиони евра за Тркало на лудилото во Скопје а во Дојран да не се зголеми капацитетот на пречистистелната станица, да не се реконструира пречистителната станциа, и да нема пари за поврзување на крајбрежната населба Николиќ со колекторскиот систем во Дојран, изјави денеска членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски при постата на Дојран.

Тој посочи дека СДСМ во Програмата со којашто ќе настапи на следните избори, има приоритетни проекти за секоја општина,а за Дојран се  три клучни приоритетни:
– Оспособување на хидро системот за наводнување на земјоделско земјиште.Нова заобиколница, на потегот од влезот на Нов Дојран до граничниот премин Стар Дојран.Нова градска плажа со придружна инфраструктура- на делот на крајбрежјето во Нов Дојран од поранешното претпријатие Дојранско езеро до излезот – рече Николовски.

Тој како клучен проект го најави извршувањето на  генерална ревизија на тоа како е доделено земјоделското земјиште низ цела Македонија.

-Тоа е еден од клучните проблеми во овој дел, бидејќи на луѓето од тука не им се дава земјоделско земјиште за обработување, и истото е во раце на луѓе коишто се надвор од ова место.Исто така предвидуваме како што планираме ревизија на земјоделското земјиште, предвидена е и во нашата програма и ревизија на тоа како се доделни сите концеции, вклучително и ревизија на концесијата на Дојранското езеро. Ова се клучните приоритети за коишто цврсто застануваме.Нашата искреност, нашиот чесен пристап и нашата одговорност е гаранција дека токму овие приоритети ќе ги реализираме со промените“, рече Николовски.