Прес конференција на Љупчо Николовски, член на ИО на СДСМ:
Ова е тажната слика за катастрофалната состојба и тешките последици од ширењето на болеста јазлеста кожа во Македонија.
Сточниот фонд секојдневно се намалува, сточарите се пред банкрот, а државата не им ја исплаќа оштетата за убиениот добиток. Фамозните 250.000 вакцини, повеќе од три месеци доцнат во државата.
Затворените сточни пазари како што е овој, сточниот пазар во Куманово, се потврда на несериозниот и неодговорен однос на институциите.
Токму затворените сточни пазари се потврда на нестручноста и на неодговорноста на кадрите на ВМРО ДПМНЕ, коишто ги водат Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Грешките за коишто зборевме во целиот овој период, а за којшто нема демант од стана на институциите се токму потврда на овие катастрофални политики.
Токму грешките коишто ги направија институциите ќе доведат до преполовување на добиточниот фонд и ќе ја срамнат млечната и месната индустрија во државата.
Само за пример, во соседна Србија, кадешто болеста се појави два месеци подоцна од Македонија, заради доцнење на вакцината за само неколку дена и заради неинформирање на јавноста, на итна седница вендаш е разрешен директорот на српската Агенција за ветеринарство. Колку за споредба во Србија оштетите на сточарите им се исплаќаат само за два дена. Се со цел веднаш да се обнови сточниот фонд во државата.
Токму затоа одговорност за криминалните политики. Одговорност за ваквото однесување на институциите мора да има.
Токму затоа веднаш Директорот на агенцијата за храна и ветеринарство, треба да си поднесе оставка, заедно со министерот Цветков.
Не може нивната неспособност и неодговорност да биде на грбот на сточарите на млечната и на месната индустрија.