(ВИДЕО) Николова: Груевски не може да се амнестира од последиците од увозот на стари возила (ВИДЕО) Николова: Груевски не може да се амнестира од последиците од увозот на стари возила

0
727

„Либерално-демократската партија со денешната прес конференција сака да реагира на мерките кои синоќа ги промовираше поранешниот премиер на Македонија.

Со мерките кои ги донесе токму Владата на Груевски во 2010 година, беа увезени близу 200.000 половни автомобили, кои доведоа до енормно загадување на воздухот во градските средини, а некои градови се сместија меѓу топ десетте со најзагаден воздух во светот.

Во услови на беда и сиромаштија, со потценувачка минимална плата, со младина која масовно се иселува од државата во потрага по достоинствен живот, тој одлучи да дава субвенции на граѓаните за набавка на електричен автомобил, заборавајќи дека е единствениот виновник за лошата економска и еколошка состојба во државата.

Крајно лицемерно е ваквото однесување сега на два месеци пред парламентарните избори, ако се знае дека и Светска Банка јавно оцени дека загадувањето на воздухот во Македонија е една од првите во Европа, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички кои се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно.

Политиките на амнестирање од одговорноста и предизборниот маркетинг веќе не поминуваат кај македонските граѓани.

Новата влада во која ЛДП ќе има свое учество ќе превземе низа на мерки кои ќе бидат во насока на подобрување на амбиенталниот воздух во градските средини.

Мерките кои ги предложи поранешниот премиер а кои ЛДП ги промовира далеку пред него ќе доведат до подобрување на лошата состојба во градските средини.

За таа цел сакаме да ги претставиме мерките кои ЛДП ги предложи уште пред неколку месеци со цел да се види големата сличност со мерките промовирани синоќа. Ние предлагаме:

– да се укине ДДВ и царината за електричните автомобили во целост,

– да се воведе 5% ДДВ и 0% царина за хибридните возила,

– бесплатен паркинг за електрични и хибридни возила,

– 5000 евра субвенции  за секое набавено еколошко возило со годишна квота на финансирани возила во зависност од можностите на буџетот

– државата да инвестира во мрежа на пунктови каде граѓаните ќе можат бесплатно да ги полнат батериите на своите електрични автомобили“ изјави Јулиана Николова, Претседателка на Форумот на жени на ЛДП.