(ВИДЕО) Не вратија од мртвите, децата не чекаат да се вратиме дома, сведочат за Телма пациенти со КОВИД 19, кои лежат на Инфективна

0
648

Ова е Заир Селмани од Куманово. Верува во бог ама и во докторите кои му го спасиле животот. Пред две недели кога бил донесен на интензивна нега вели дишел на шкрги, лекарите едвај се избориле за повторно да земе воздух со полни гради, оти снимката на прием покажувала дека Корона вирусот опфатил 90 проценти од нив. Денеска го чека вториот негативен тест после помината вистинска битка за воздух.

Селмани еден од повеќетемина пациенти кои се најтешко болни и лежат на инфективна. Оваа девојка освен што има вирус имала итна хирушка интервенција на друга клиника и била во критична состојба.

Денеска е ден во кој од инфективна се испишани 11, но примени 6 нови заразени од Ковид 19. И покрај тоа што тука атмосферата е оптимистичка за во иднина, сепак и болничарите и сестрите и докторите се разочарани од моменталните случувања.

Многу тажни приказни можат да се слушнат зад болничките врати. Затекнавме старец во многу тешка состојба кој дише со помош на маска. Состојбата многу му се подобрувала се до моментот кога го изгубил својот син исто така од Ковид 19. Селмани пак имал повеќе среќа, но се кае што не верувал во опаката болест.

И ние излеговме од инфективна со измешани чувства. Од една страна радува секој болен што може смогне сила за бар малку разговор за искуството со Ковид 19, од друга страна горчина после секој поглед на изнемоштеност поради болеста која го одзема животот.

Подолгата репортажа од Инфективната клиника гледајте ја во изданието на емисијата КОД, на ТВ Телма во недела во 19.15 часот.

Билјана Николовска, снимател Игор Јанковски