(ВИДЕО) НЕМА ДА ОДИМЕ ПО ВАШИОТ ПАМЕТ, ШТО ТРЕБА 2 ГОДИНИ ДА СЕДАМ ВО КАБИНЕТ И ДА ЧЕКАМ ПАНДЕМИЈАТА ДА ПОМИНЕ – ЗАЕВ ИМ ОДГОВОРИ НА НОВИНАРКИТЕ НА ТЕЛМА И ТВ 24 КОИ ПОБАРАА ОСТАВКИ ЗА ОТВОРАЊЕТО ГРАДИНКИ И ПАЗАРИ

0
998

Жесток дуел се разви во медиа центарот на владата меѓу новинарките на Телма и ТВ 24 од една страна и премиерот, министерот Филипче и доктор Караџовски од друга страна.

Новинарките побараа оставки за тоа што Заев пуштал пазари и градинки, зошто се доцнело со затворањето на рестираните и зошто дури сега дознале колку е опасен британскиот сој и зошто не се побара помош од приватните болници.

На ова премиерот одговори дека пандемијата ќе трае можеби 2-3 години и тоа не значи дека не треба да се пуштаат нови фабрики, градинки, пазари или што и да било, мора да се прати порака дека животот продолжува но со носење маски и почитување на мерките.

Министерот Филипче кажа дека нема потреба да се бара помош од приватните болници затоа што капацитетите на авното здравство е засега доволно, но дека е заморен персоналот и дека полека се полнат болниците и дека е корисно да се превенира крах на системот.

Караџовски пак се бранеше дека одлуките се носат на неделно и дво неделно ниво и дека се чекало да се види дали бранот ќе се намали или ќе се засили, па кога се видело дека нема стопирање на бранот се заклучило дека се потребни нови рестрикции. Тој кажа дека британскиот сој се покажал многу опасен и дека не може да се работи на памет туку мора да се видат прво бројките па после да се бараат рестрикции инаку владата нема да прифати побарани рестрикции без притоа да се аргументираат со бројки и ситуација на теренот врз основа на која се бара рестрикции, не може само да се каже опасно е во светот ајде да затвориме се, тоа владата нема да го прифати како аргумент, не е мала работа да затворипш цела економија тоа е сериозна одлука и бара сериозна анализа и сериозни аргументи и ние сега тие ги имаме.