(ВИДЕО) НА ЗАЕВ МУ ПУКНА ФИЛМОТ: Вие ВМРО-вци ќе пукнете од мака што вие не го решивте името и не ја однесовте Македонија во ЕУ и НАТО, ама храбри сте како глувци!

0
1622

Ќе пукнете од мака што ние го решивме спорот за името а не вие. Вака премиерот Заев му одговори на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски кој во пратеничко прашање го обвини за предавство.

„По 27 години го решивме проблемот со Грција за името. Со договорот го заштитивме македонскиот јазик, македонскиот народ. Вие кога бевте на власт се водевте само од правење математички поени за рејтингот и сакавте што подолго да се одржите на власт. Ние добивме датум за преговори и ви доаѓа да пукнете од мака што ние го решивме името, а не вие“, му одговори Заев на Јовановски, кој претходно од собраниската говорница ги нарече Заев и пратениците од мнозинството предавници.