(ВИДЕО) Науновски за ТВ24: Мицкоски на 2. март и формално ќе биде разрешен

0
3749

Тони Науновски во емисијата 24 анализа смета дека се случиле многу штетни договори и политики за националните интереси на македонскиот народ и многу луѓе кои се залагале за парадигми за невзависна држава со почитување на сите стандарди, биле поразени.

„Ова е против сето она против коое се бореле нашите претци, туку и ние.“ – вели Науновски.

Вели дека сега се појавува нова шанса за народот, во смисла на исправање на сите погрешни политики на веќе поранешното раководство. Медиумите, според него имаат погрешен вокабулар за означување на сегашната состојба, зошто ова раководство на опозицијата е минато време. Смета дека со самото закажување на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се зборува во минато свршено време за ова раководство, и потенцираше дека Мицкоски на 2 март веројатно и формално ќе биде разрешен, а сега е само технички претседател.

„Во овие неколку години од неговото раководство се случија многу драстични погрешни политики кои немаат врска со матрицата и идологијата на ВМРО-ДПМНЕ и тука е шансата да се избере ново раководство.“ – вели тој.