Почитувани ѓорчепетровци,
Денеска ја започнуваме политичката кампања. Во изминатите четири години посветено работевме и реализиравме над 200 проекти со кои го направивме Ѓорче Петров многу подобро место за живеење. Во претстојните 20 дена ќе ви ја презентираме нашата визија, нашите идеи, проекти и активности со кои наше Ѓорче ќе се зацврсти како урбанизирана и модерна општина со цврсто поставени темели за понатамошен одржлив економски развој.
СДСМ ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Јасна идеја и јасен план за развојот за Ѓорче Петров.
Мојата програма која се темели врз основа на детална анализа на потребите на граѓаните нуди над 200 проекти кои се реални и остварливи. Во следните четири години заедно одлучуваме преку непосредна, редовна и двострана комуникација со вас граѓаните. Градиме плански и одговорно со цел хумано да го урабнизираме просторот.
Секој заслужува да живее во здрава животна средина а тоа ќе го оствариме преку низа енергетски ефикасни мерки и инвестирање во алтернативни извори на енергија. Како основна клетка на општественото живеење, подобриот живот на граѓаните почнува со локалниот економски развој за кој имаме план и перспектива со која ќе се отворат можности за нови работни места.
За следните четири години нудиме капитални проекти кои дополнително ќе го унапредат квалитетот на живот во Ѓорче Петров.
Нов Клинички Центар кој трајно ќе ја реши потребата од современи, интегрирани здравствени услуги. Најголема гринфилд инвестиција во државата со вредност од над 500 милиони евра, со која ќе се промени економската мапа во Ѓорче.
За прв пат од формирањето на општината градиме ново основно училиште со спортска сала во населбата Александрија. Со ова се решава проблемот со капацитетите на училиштата од урбаниот дел на општината.
Градиме две нови градинки во Дексион и Ново Село обезбедувајќи 300 места за сместување на деца од предучилишна возраст и создаваме нови работни места.
Конечно го регулираме речното корито на Лепенец со изградба на спортско-рекреативна зона по должината на реката.
Го решаваме слабиот притисок на вода во ниските зони од Јурија до Хром со изградба на нов резервоар за вода во Оризарски Рид.
Почитувани,
Ние нудиме континуитет во развојот на општината, работевме вредно и напорно во целосна координација со централната власт и продолжуваме со истото темпо и динамика.
На 17 октомври одлучувате дали Ѓорче Петров ќе продолжи по патот на развојот или ќе се вратиме четири години наназад во темниот вилает каде парите на граѓаните се трошеа на барок, споменици и фасади, место на градинки , училишта, патна инфраструктура, здравствени услуги.
12 е бројот кој нуди прогрес!
Заокружи 12 за победничко Ѓорче.