(ВИДЕО) Наумов: Најголем проблем е лошата состојба во финансиите што ја остави Ставрески

0
1617

Изјава на Кире Наумов, претседател на Комисија за финансии на СДСМ:

Новинарско прашање: Ставрески поднесе оставка. Што може да се очекува сега од неговиотнаследник? Дали би продолжиле политиките во иста насока со задолжување или можеме да очекуваме ребаланс на буџетот, да се скратат трошоците, а сите оние ветувања дадени за зголемување на плати, пензии, социјално да бидат одложени и да не одат со задолжувањата?

Не, јас сум апсолутно песимист дека такво нешто може да се случи иако би навивал за такво нешто.Но, мислам дека напротив, работите можат да одат и на полошо. Претпоставувам дека самата оставка којашто денеска не ја коментирам, конкретно нејзе бидејќи реално ние не треба да губиме време за тоа бидејќи пред се во јавните финансии е страшно лоша состојбата и прашањето е што тоа Ставрески остави за натаму. Јас сум песимист, јас мислам дека заменикот, односно сега притисокот, бидејќи во принцип Груевски е тој што ја води власта, ќе биде уште поголем и очекувам уште повеќе да продолжи истата погубна политика, нови задолжувања итн… Прашањето коешто е најважно сега, коешто за мене е важно, е тоа дали Ставрески пред да ја напушти функцијата се одважил и не ја почнал процедурата за еврообврзница или пак тоа го направил и потоа заминал од функццијата. Тоа е многу важно прашање бидејќи како што кажав и во други мои изјави еврообврзницата на овој начин е нелегитимна, нелегална и таа не може да биде јавен долг ако се издаде еднострано од страна на министерот без разлика како тој се вика, дали е Зоран Ставрески или некој друг.

Како ја оценувате работата на Зоран Ставрески во овие 7 години како министер за финансии?

Мислам дека многу долго сум зборувал за тоа, не само јас од СДСМ, останатите опозиционери, независни економисти, дека тоа е едно големо промашување. Она што најмногу може да му се замери е фактот дека во овој период се задолжуваше, односно ја задолжуваше Република Македонија за повеќе од 2,5-3 милијарди евра. Додека е тој министер за финансии, енормно го зголеми јавниот долг, притоа во тој период задолжувањата беа со каматни стапки далеку, далеку повисоки од она што беа реалните стапки раст. Кога го правите тоа, кога се задолжувате со повисоки каматни стапки од тоа што испорачувате како раст, тоа значи дека вие одите во бездна односно дека ја јадете таа супстанца. Мислам дека економистот Ставрески, за малку време што го имавме да го направиме заедно, е добар економист, но има друг проблем. Има проблем тоа што беспокорно ги извршуваше лудачките, да кажам со негов израз, проекти и замисли на Груевски и тоа што имаше апсолутно низок праг на демократичност. Тоа е еден од неговите најголеми пробеми, кога зборуваме за тоа покрај економската приказна. Фактот дека во сите овие 7, 8 години при бранењето на толкумногу буџети и ребаланси на буџети, неприфаќање ниту 5,6 амандмани од страна на опозицијата, тоа значи дека се замислувале дека живееле во монархија, а не во демократија. Посебно оној потег на којшто се радуваа на тоа дека пратениците ќе ги избркате со полиција од Собранието за да го донесат буџетот. Покажува многу значајна особина, нечовечка, за тоа како ја разбирате парламентарната демократија. Од таа причина јас му посакувам добро здравје, тоа го направив и при една порака лична, но мораме да кажеме дека исто како и сите претходни оставки, сите претходни министри, сите коишто учествувале во оваа власт, без разлика на начинот како дале оставка, покрај моралната и политичка одговорност, мора да понесат и правна одговорност доколку за тоа постојат докази.