(ВИДЕО) Надзорната расправа за поплавите НА РАБ НА ТЕПАЧКА – за исказ поканети четворица поранешни премиери

0
757

Со високи тонови започна работата на надзорната расправа за поплавите во Собранието. Пратениците од власта и опозицијата се судрија околу начинот на кој треба да се распределат 15-те минути предвидени за испрашување на еден сведок. Предвидено е сведоците да имаат пет минути за исказ и 10 минути за прашања. Пратениците од владејачкото мнозинство велат дека на овој начин нема да се дознае вистината и дополнително опозицијата ќе може да го злоупотреби времето на одговорот кој сведокот го има според деловникот, пренесе ТВ21.

Првата пауза од еден час ја побараа пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за втората од половина час да ја побара исто така, владејачката ДУИ. Поради ова, пратениците од СДСМ обвинија дека владејачката партија ја опструира работата на комисија.

Расправата на Надзорната комисија е по барање на пратениците од СДСМ, членови на Комисијата за земјоделство. Треба ќе бидат сослушани 30 сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и четворицата поранешни премиери во чии мандати беше градена обиколницата од 2002 до 2006 година. По барање на пратениците на СДСМ покана е испратена и до лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, додека пратениците на ВМРО ДПМНЕ на сведочење ги повикаа поранешните премиери Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски.