(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ : УТРЕ ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРА ПРЕД ВЛАДА, МНР, СОРОС, ВАШИНГТОН, ШУТКА, БАРДОВЦИ, ИДРИЗОВО, ИНГИЛИЗОВО, ОБРШАНИ, ВОЛКОВО, СМОЛАРЕ И ВЛАДИМИРОВО ЗАТОА ШТО ДЕНЕС Е МНОГУ ЛАДНО, А ЗА ТОА НАЈМНОГУ КАБАЕТ Е ЗАЕВ!

0
990

(насловот нема везе со прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, само да се нашалиме на сметка на претседателот на партијата Христијан Мицковски па неговата прес конференција ви ја пренесуваме во целост)

Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина, не само што не се решение туку напротив самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на ЕУ. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев и денеска наместо решение истото тоа претставува проблем, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.