Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Мисовски: Илија пренеси му на Никола дека во Велес и во Македонија народот ќе ве порази!

„Сакам овде од победнички Велес да му пратиме порака и на Илија Димовски и на Никола Груевски уште посилно, како цела Македонија да е тука. Тие двајца знаат дека во Велес ќе изгуби Илија Димовски и Никола Груевски, и политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес велешани покажуваат колку се незадоволни од владата на Груевски и фамилијата, а тоа се случува во цела Македонија. Во третата изборна единица народот ги чувствува промените, исто како во цела Македонија. Ги брои деновите, го чека 11 декември кога ќе го срушиме овој ненароден режим. Но исто така, го чека и 12 декември кога коалицијата на опозицијата предводена од СДСМ ќе ја започне битката за враќање на достоинството, за враќање на гордоста, насмевката и животот во Република Македонија.timthumb-php

Секаде каде што допре раката на фамилијата, уништи се. Го уништија здравството, го уништија образованието, го тероризираа судството, ги загрозија мултиетничките односи кои што со години ги градевме и ја вратија Република Македонија 100 портокалови чекори назад во евроинтегративниот процес. Не прислушувале, ни влегувале во фамилиите, делеле провизии во милионски суми, се заканувале, рекетирале, апселе по нарачки, нарачувале судски пресуди, краделе и местеле избори. Доста е веќе, Никола народот ти ја праќа пораката. Доста е веќе, време е Груевски и фамилијата да бидат поразени, време е да се соочат со народот на 11 декември.

Почитувани велешани не чека тежок период, наш апсолутен приоритет ќе ни биде битката со сиромаштијата и невработеноста, наша цел мора да бидат луѓето. Имаме обврска да направиме се, конечно да им ја вратиме насмевката на луѓето, оптимизмот и враќање на вербата во државата и институциите. Мораме да градиме нов политички морал, нов вредносен систем, нов економски патриотизам. Несмееме да ја крадеме државата, таа ни е дадена на управување, а не да ја искористуваме. Заедно ќе ја градиме сегашноста и иднината, ќе обезбедиме услови за повисоки плати за да може попристојно да се живее во Република Македонија. Ќе обезбедиме повисока минимална плата, ќе ги поддржиме домашните фирми со 140 милиони евра, ќе дадеме шанса на младите претприемачи, ќе обезбедиме услови за здравството да биде достапно за сите. Ќе обезбедиме услови младите да ни останат во Република Македонија. И она Никола што тебе најмногу те плаши, ќе профункционира правната држава и за сите оние работи што им ги правеше на луѓето ќе одговараш и ти и сите тие околу тебе од ВМРО-ДПМНЕ. Јас ви тврдам, ќе го притискаме идниот премиер, сите пари кои што ги украдоа и ги изнесоа од Македонија, до денар, до евро, ќе ги вратат во буџетот.

Ќе одговараат и за Мартин Нешковски, за рушењето на „Космос“, за уцените кон фамилијата на Тоше Проески и апсењето на Љубе, ќе одговараат и за прислушувањето на новинарите и дипломатите, за приштењето и вриштењето, за казнената политика, за шамарите и за тие што ги влечеле за уши, и за се она што нечовечки Никола го направи за граѓаните. Никола, за се ќе одговарате. Казната на народот ќе ве стигне на 11 декември.

Јас знам дека Илија Димовски од некое ќоше гледа дека народот му го свртел грбот, е па Илија пренеси му на Никола дека повеќе ниту тебе, ниту него, ниту во Велес, ниту во цела Македонија, народот не ве сака. Народот ќе ве порази на 11 декември.

Ајде заедно да ја промениме Македонија, ние тоа не можеме сами без вас, зато ве повикувам на 11 декември сите заедно да излеземе и да гласаме за бројот 4, за опозицијата, за живот во Македонија, за Љупчо Николовски како носител на листата во изброната единица три“, рече потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во четвртата изборна единица, Горан Мисовски, на вчерашниот централен митинг на опозијата во Велес.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ