(ВИДЕО) Мирчески: Чисти канали и регулација на коритото на Пчиња во Петровец!

0
375

СДСМ апелира до надлежните од власта веднаш да дојдат во Петровец и да си ја завршат работата, а кога ќе дојде на власт ветува дека ќе спроведе регулација на речното корито на Пчиња, на потегот Горно Коњари – Катланово-Петровец.pece-mircevski-1

– Разбирлива е вашата загриженост за неисчистените канали во општината, посебно по лошото искуство во Стајковци со поплавите. Не се чисти редовно каналската мрежа од Белимбегово до Таор и тоа, како што можев да се уверам, навистина е закана по безбедноста на луѓето и имотите во општина Петровец. Имате целосно право да барате каналите навреме и постојано да се чистат, затоа што плаќате за оваа услуга, но не ја добивате поради оваа неодговорна власт – рече Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ, при денешната посета на селото Бадар.

Според него, есенските дождови може да направат штети и на луѓето овде и нема да има никаков изговор за евентуалните несакани последици.

Дополнителна закана по вашата безбедност, како што гледам, е и мостот на реката Пчиња, којшто може секој момент да се урне.
Ви најавувам, ќе спроведеме регулација на речното корито на Пчиња, на потегот Горно Коњари-Катланово-Петровец. Ова не е само ветување, ова е дел од Програмата на СДСМ и тоа ќе го направиме. Внимателно ги слушавме вашите проблеми пред да ја напишеме Програмата и ова се само дел од мерките со коишто ќе обезбедиме да имате добар и безбеден живот тука – додаде Мирчески.