(ВИДЕО) Мирчевски: Инфраструктура за велосипеди, еколошки градски превоз и повеќе зелени површини

0
891

Изјава за медиуми на  Пеце Мирчевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Тука сме денес на улиците на Скопје, на денот кога автомобилите ги заменуваме со велосипеди, во склоп на дефилето на Eвропската недела на мобилност.

Во градот кој e еден во најзагадените во Европа и пошироко, во градот во кој секој ден имаме се помалку зелени површини поради лошото урбанистичко планирање, во градот во кој секој ден се сечат дрвjа заради дивеењето на урбаната мафија, во градот во кој не се дише.

Квалитетот на животната средина и квалитетот на воздухот што го дишеме се фактори кои влијаат врз нашето здравје.

Тука сме ваквиот начин на здраво живеење да го поддржиме и се разбира нашите заложби ќе бидат ова да се постигне.

Изградбата на инфраструктура за возење на велосипед, поддршка на еколошкиот градски превоз, зголемувањата на зелените површини во градот Скопје ќе бидат наши приоритети за зачувување на животната средина и за квалитетен воздух за дишење.