(ВИДЕО) Мирчевски: Да беше Македонија земја членка на ЕУ, неодговорната власт во заминување, до сега ќе беше тужена од Европската Комисија за убиство од небрежност на своите граѓани

0
553

Да беше Македонија земја членка на ЕУ, неодговорната власт во заминување, до сега ќе беше тужена од Европската Комисија за убиство од небрежност на своите граѓани. Загадувањето на воздухот ги помина сите граници. И тоа не еднаш, не два пати, туку на одредени места и 20 пати, како што е мерното место кај Ректоратот. Надлежни органи и институции не се само што не се обидоа да најдат начин да го заштитат здравјето на граѓаните, туку со своите штетни политики придонесоа загадувањето на воздухот да се зголеми. Сечењето цели паркови или непланското подигнување бетонски зданија што ја наруши природната циркулација на воздухот се меѓу нив, изјави денеска Пеце Мирчевски, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

– Скапите стратегии и планови на досегашната неодговорна власт, се уште се на хартија додека во 30 од 100 случаи причина за смрт е загадувањето на воздухот. Укажуваме дека се потребни итни мерки што ќе дадат веднаш резултат за намалување на загадувањето. Да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје и другите поголеми градови. Веднаш, времено да се запрат сите градежни активности, посебно на територијата на градот Скопје.

СДСМ во својот План за живот се обврза на низа долгорочни мерки за намалување на загадувањето, со што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Ќе се воведе целосна гасификација на Скопје, но и на другите градови. За најголемите загадувачи ќе обезбедиме субвенции за најсовремени филтри, а ќе субвенционираме и фотоволтаични уреди користење на сонцето како природен енергенс. Никој не смее да си игра со здравјето на граѓаните. Граѓаните имаат загарантирано уставно право на чист воздух и Владата мора тоа да им го обезбеди – рече Мирчевски.