(ВИДЕО) Министерот Сугарески на презентација на граѓански буџет 2020: Го зголемуваме квалитетот на живеење на нашите граѓани, преку зголемување на буџетот за локални патишта, гасовод и водовод

0
820

„Предлог Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година е развоен буџет, директно насочен кон потребите на стопанството и граѓаните и е проектиран да обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификацијата, железничката, комуналната и патната инфраструктура“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната прес-конференција на која го презентираше Предлог-Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година.

Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година е проектиран на 5 милијарди 810 милиони 579 илјади денари, од кои 83% од проектираните средства или 4 милијарди 819 милиони 974 илјади денари се расходи наменети за реализација на капитални проекти.