(ВИДЕО) МЕШТАНИТЕ ГО НАКОДОШИЈА : Груевски неодамна тајно го посетил резерватот „Јасен“ кој е полн со воени бункери!

0
1935

Шумски резерват од затворен тип. За „Јасен“ сеуште важи специјален статус кој подразбира ограничено движење на луѓе и одвивање на нормален сообраќај преку оваа територија.

Телевизија 24 денеска го посети резерватот, кој се простира на повеќе од 30.000 хектари, но само до одреден дел дозволен за јавноста. Кога дојдовме не пречекаа чуварите на резервтаиот. Љубезно не замолија да не снимаме, и ни дозволија да прошетаме стотина метри во длабочина.

А што крие Јасен освен диви животни, срни и елени за ексклузивните ловци од државава и странство. Можеби бункери и подземни утврдувања изградени во минатиот век за поранешните државни и политички функционери кои би требало да се рецидив на минатото. Ги псоетивме дел од мештаните на околните села во близина на „Јасен“.

Мештаните сведочат дека политичарите редовно го посетуваат резерватот, а неодамна во посета бил и поранешниот премиер Никола Груевски.

Други пак велат дека тука доаѓал и поранешниот министер за внатрешни работи.

Неодамна дел од медиумите објавија дека токму „Јасен“ ќе биде местото од каде ќе се командува со апсење на „пучисти“, откако во земјава ќе биде прогласена воена состојба. За поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, ваквата одлука би била злосторство против сопствениот народ.

„Злосторство кон сопствениот народ и таков еден акт ќе ја продлабочи кризата и ќе има судири од гголеми размери“, изјави Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи.

Денеска министерот за одбрана Јолевски го прашавме за коментар.

Сепак, вчерашното назначување на поранешниот миниустрер Оливер Андонов само ги подгреа шпекулациите дека Јасен би можел повторно да се активира, а власта со неговото назначување става сигурен човек кому може да му верува.

Под оваа недопрена природа се кријат воени објекти, изградени во времето на поранешна Југославија. Објектите се дел од воените капацитети и една од можните локации каде што би бил сместен државно-воениот врв и од каде што би командувал во евентуални воени услови.