(ВИДЕО) Мерсел Биљали: Државата има загубено директни инвестиции најмалку 40 милијарди евра

0
1636

merselОвие 5 милијарди што ги снема се една капка вода во морето со оглед на тоа што е пропуштено поради минирањето на евроатлантските интеграции, наводно со името. Името е само замка, државата има загубено директни инвестиции најмалку 40 милијарди евра.Ги повикувам сите граѓани, интелектуалци, политички партии и невладини организации, време е за завршен удар – рече на денешниот протест на Шарената револуција пред демонстрантите Мерсел Биљали.

„Нема да ви се обратам вам тука, оти нема потреба за тоа. Вие го правите тоа што е основно човечко и морално. Ќе им се обратам на тие кои не се тука. Жално е што морам да константирам дека тие наликуваат на човек кој од пристојна далечина гледа како куќата му гори и се му пропаѓа. Децата му се внатре и сите роднини. Тој или се плаши од власта или е индиферентен или калкулира или мисли дека му се доволни 200 евра па нека иде се во пустош“, рече Биљали.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ