(ВИДЕО) МЕРКО НЕ Е ЗАЕВ, КРАТОК МУ Е ФИТИЛОТ – ОТКАКО ДОБИ РАФАЛ ОД ПРАШАЊА, ДО НОВИНАРКА НА ТВ АЛФА : НЕПИСМЕНА СИ!

0
530

Aкцијата за рушење на дивоградби во Струга, Мерко кој патем се обиде и да ги избегне камерите и кој 3 години тврдеше дека нема беспаравна градба – ја сведе на отстранување на само 6 платформи во езерото и тоа не затоа што биле бесправни,туку за да не бил црна овца – се солидаризирал со колегите од Охрид.

И покрај тоа што инфомацијата за постоењето на 65 дивоградби долж крајбрежјето ја добивме од неговата администрација како официјален податок, а во извештајот на Државниот завод за ревизија стои декаима постапки за легализација на бесправни објекти во крајбрежен појас, но и куќи, Мерко упорно тврди дека тоа се шпекулација,притоа навредувајќи ги новинарите со едно дрско, безобразно и крајно недолично однесување кое не му доликува на еден висок функционер.

МЕРКО: Тие се шпекулации и тоа големи шекулации .Одете вие имате 500 во Охрид, имате 12 локали во најзаштитениот дел на изворите во Свети Наум.

НОВИНАРКА НА АЛФА: Одговорите за вашиот дел !

МЕРКО: Слушај сега, а бе слушај сега, ти викаш едно, јас велам друго, овде нема дивоградби.

НОВИНАРКА НА АЛФА: Ако општината не знае што гледа,и државен завод за ревизија имаше извештај во кој што стои дека иамре над 2.000 дивоградби и тие не знаат што прават? Пак шпрекулирате. Официјален извештај градоначалник од државен завод за ревизија.

МЕРКО: Ама ти пак шекулираш.

НОВИНАРКА НА АЛФА: Писмена сум знам да читам.

МЕРКО: Не си!

НОВИНАРКА НА АЛФА: Вие како пописмен од мене кажете! Сите тие дивоградби се пред 2011-та.

Алфа го праша дали ќе руши и во Радожда, а еве што рече, цитирам : “Немојте да чепкате таму ! Затоа што таму не се платформи во овој стил, тоа е крајбрежје кое било и ќе биде дел од развојот на село Радожда.”

Заѕидување има вои цело Радожда, цели ѕидови се направени ! Одете видете прво во Охрид и второ одете видете во Подмоље каде државата вложи 500.000 евра да направи ѕидови по 5 метра, таму се од пола метро до 30 сантими-рече Рамиз Мерко –градоначалник на Струга.

Првиот заменик премиер од зелената ДУИ тврдеше дека акцијата за рушење не ја споведуваат под притисок на јавноста.

Нема воопшто протисок од граѓаните затоа што граѓаните пребисцитарно се определија да го изгласаат Рамиз Мерко за градоначалник на општина Струга и впрочем пензионирајќи го еден лидер на политичка партија засекогаш во неговото родни место-рече Артан Груби-заменик премиер.

Артан Груби ,приликата ја искористи неприкосновениот Мерко да го окуражи за уште еден градоначалнички мандат. Инаку и покрај тоа што концесиите за плажите се истечени одамна, обејките на струшката ривиера работат со полна пареа, а никнуваат и нови објекти.