Вечерва е уапсен Павле Богоевски, еден од најистакнатите активисти на Шарената револуција.
“При апсењето припадници на ЕБР примениле сила и насилство. Павле е уапсен во момент кога со нашите соборци сакале да прострат платно со протестна порака на јавен простор. Прогонот продолжува” наведоа од Шарената револуција на нивниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Тие ги повикаа граѓаните пред полициската станица Пролет за да побараат итно ослободување на Павле.