(ВИДЕО) Манчевски: Oд парите за Панорамското тркало, граѓаните на цело Скопје ќе добиеја субвенции за пелети

0
1311

„Денес е светски ден на градовите. Скопјани можат само да констатираат дека се ограбени за најмалку 670 милиони евра колку што чинеше Скопје 2014 можат да си посакаат следната година одговорни власти кои што ќе се грижат за нивниот живот.

Обединетите нации го прогласија денешниот ден за ден на градовите за да поттикнат одржлив развој на градовите и брз урбан раст со цел да се зголеми вработеноста, да се намали сиромаштијата во прадовите, пристап до домување, до урбани услуги, безбедна и здрава животна средина.

Скопјани, напротив заради Скопје 2014 се задушени во загаден воздух.

За криминалниот проект парковите станаа бетон. Според официјалните статистики во Скопје има двојно помалку зеленило отколку што има просечно по глава на жител во другите европски градови. Да не се исечеа парковите, загадувањето ќе беше помало.

Зградите добија предна шминка од фасади, за што Груевски потроши над 12 милиони евра пари на граѓаните, што можеа да бидат употребени за целосни енергетски ефикасни фасади. Така граѓаните ќе имаа топли домови и ќе трошеа помалку за струја и за греење.

Во овие чудовишни зданија од Скопје 2014-та се заробени 4.446 градиники.

Само во Триумфалната капија се заробени 5-6 гасифицирани града во Македонија.

Само од Панорамското тркало, граѓаните на Скопје од тие пари ќе можеа сите да добијат субвенции за пелети, а не само 200 семејства.

Граѓаните на Скопје имаат право на квалитетен живот, како и сите граѓани на другите европски градови. Ние се обврзуваме дека сите пари од Буџетот на градот ќе ги пренасочиме кон вистинските потреби на граѓаните“, изјави Дамјан Манчевски потпретседател на СДСМ.