(ВИДЕО) Манчевски: Уставниот суд веднаш да се произнесе за иницијативата околу Законот за СЈО

0
1017

Една од најголемите придобивки на Договорот од Пржино е формирањето на Специјалното јавно обвинителство. Наводно поддржано од сите четири политички партии.

Суштинска цел на постоењето на СЈО е да се врати владеењето на правото и правната држава. Законот да важи за сите подеднакво.

Една година потоа, опструкциите на работата на СЈО од страна на власта продолжуваат. Опструкциите се предводени од Никола Груевски и неговите пропагандни гласила.

За да се реши кризата во Македонија мора да има правда. Мора СЈО да биде оставено независно да ја врши своата работа. Затоа, бараме:

Уставниот суд ВЕДНАШ да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за СЈО.

Срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов ВЕДНАШ и ЦЕЛОСНО да бидат поништени.