(ВИДЕО) Манчевски: СДСМ и граѓаните се вклучуваат во акцијата за прочистување на списокот

0
391

„10 години Никола Груевски ја уништува државата. Не постојат институции , не постои државата. Партијата на власт целосно ја има поклопено државата.

10 години, бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески имаше шанса да го прочисти избирачкиот список. 10 години имаа мнозинство во државната изборна комисија“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

„Огромниот број на лица коишто се на избирачкиот список на иста адреса и фантомските гласачи потврдуваат дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе сите избори во минатото.

Готово е. На тоа му ставаме крај. Хаосот ќе престане.

Мора да се расчисти хаосот во избирачкиот список. Сите оние коишто го имаат прекршено законот ќе одговараат пред соодветните институции.

СДСМ ги охрабрува сите граѓани да ги пријават сите неправилности во избирачкиот список во државната изборна комисија.

И СДСМ исто така се вклучува во акцијата за прочистување на избирачкиот список.

Би сакале да ги информираме граѓаните дека отворивме посебна телефонска линија на којашто тие ќе можат да пријавата неправилности за избирачкиот список . Тоа е бројот 02/3293 109.

Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори.

По промените на власта, СДСМ ќе ја спроведе својата програма за подобар живот, повеќе работни места и повисоки плати.

Конкретно во земјоделието ќе ги зголемиме субвенциите на 160 милиони евра. Тие ќе бидат навремени и за вистинските земјоделци. Ќе ја вратиме зелената нафта. Ќе воведеме бенефициран работен стаж за сите регистрирани земјоделци. И она што е најважно, ќе обезбедиме навремен откуп на земјоделските производи по достоинствени цени“, изјави Манчевски.