(ВИДЕО) Манчевски: Груевски призна дека е виновен, барал СЈО да ја запре постапката за него

0
540

Уставниот суд веднаш треба да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за СЈО.Срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов веднаш и целосно да бидат поништени.Овие две работи се од исклучително значење, бидејќи вчера се потврди она што сите го знаат. Никола Груевски лажно и лицемерно изјавуваше дека барал повлекување на аболицијата, побара денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„Помилуваниот Груевски сакал да се осигура дека Специјалното јавно обвинителство ја запрело постапката за него.

Тој, преку одбраната, барал да добие примерок од наредбата на СЈО за запирање на постапката против него. Тоа е најсилната потврда дека Никола Груевски гледа единствен спас во аболицијата.

Свесен дека е виновен, се обидува да обезбеди документ коjшто по закон нема право да го одбие.

Се е јасно Никола. Сите лажни, лицемерни изјави излегоа на површина, никој не ти верува. Готово е, се вели во изјавата.