(ВИДЕО) Манчевски ги извади од памет ВМРОВЦИТЕ : Планот е до 2025 сите градови да бидат покриени со 5Г сигнал, но засега вакви мрежи нема

0
778

Министерот за информатичко општество и администрација и електроинженер Дамјан Манчевски, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за 5Г мрежата и планот за воведување на оваа технологија во нашата земја.

„Планот е кај нас до 2023 година со 5Г сигнал да биде покриен еден од поголемите градови, до 2025 година да бидат покриени сите градови, до 2027 година секој граѓанин да има можност за пристап на мобилен приклучок со брзина поголема од 100 мегабита во секунда, односно прилично брз мобилен интернет. Ова се нашите таргети, но ова е веќе кај нас и на ниво на законска регулатива. Ова значи дека регулаторот, АЕК, ќе треба согласно овие рокови, да врши подготовки и да распишува огласи за евентуално пројавен интерес од страна на некој оператор за користење на фрекфенции во коишто работат 5Г мрежите“, вели Манчевски.

Тој вели дека планот е на крајот на оваа година да се распише оглас за распределување на фрекфенции на кој ќе можат да се пријават оператори.

„Граѓаните треба да бидат безбедни и сигурни дека ги следиме истражувањата, светските трендови и се она што се случува. СЗО нема издадено ниту еден доказ за штетност на овие мрежи. Ќе ги почекаме и новите истражувања, ќе видиме што тие ќе кажат. Ние сме цело време изложени на различни видови на радиобранови, различни видови на зрачење – од радио сигнали, телевизиски, мобилни мрежи, што се не, а животниот век на луѓето денес споредено со животниот век на луѓето кога не постоеа никакви радиобранови, електромагнетни зрачења е поголем. Денеска имаме подолг животен век. Јас сум лаик, не сум здравствен експерт, но очигледно е дека овие радиомагнетни зрачења не влијаат толку драмaтично, барем за да може да влијаат на човековиот животен век“, вели Манчевски.

Манчевски рече дека во моментов во нашата земја нема активни 5Г мрежи, но и дека се следат светските истражувања, и ако се појави некаков релевантен доказ за некаков вид на штетност ќе се направат измени на законите и плановите во однос на воведувањето на 5Г мрежата.