(ВИДЕО) Манчевски: Веднаш да се преземат мерки против отровниот воздух, труењето е еднакво на геноцид

0
1185

Изјава за медиуми на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ

Бараме веднаш да се преземат мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје. Вчера во Скопје беше измерено рекордно ниво на загадувањето на воздухот. Речиси 25 пати над дозволеното. Загадувањето на воздухот трае многу подолго од законски дозволените 10 дена, после кои што властите се обврзани да преземат мерки. Ниту градската, ниту централната власт до сега немаат преземено апсолутно ништо. Ги нема ниту денес, кога скопјани го дишат најотровниот воздух. Од сите злодела на режимот на Никола Груевски и Коце Трајановски, негрижата за труењето на своите граѓани е едно од најголемите. Тоа е еднакво на геноцид.

Режимот на Никола Груевски заврши. Во мај ќе заврши и узурпацијата на Коце Трајановски на градоначалничката функција во Скопје. Новата Влада на граѓаните веднаш ќе се зафати со решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, преку:

  • гасификација на Скопје
  • обезбедување на финансиски средства за бесплатен јавен превоз во деновите на екстремно загадување
  • субвенционирање на обновливи извори на енергија и греење за граѓаните
  • воведување на посебни сообраќајни режими
  • субвенционирање на енергетска изолација на постоечките објекти
  • субвенционирање на велосипеди за граѓаните на Скопје

Доаѓа ново време. Време кога ќе се врати животот во Македонија. Време, кога новата Влада на граѓаните, предводена од СДСМ, ќе го врати животот, но и чистиот воздух во Скопје.