(ВИДЕО) Макалоска : ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп добива нова спортска сала, градиме и во услови на пандемија

0
125

Прес конференција на Гордана Макалоска – Комисија за образование при ОО СДСМ Прилеп.

Започнувањето на изградбата на новата спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп, потврдува дека локалната и централната власт, предводени од градоначалникот Илија Јованоски и премиерот Зоран Заев, водат вистинска грижа за правилен физички развој и создавање навики за здрав живот на најмладите.

За прв пат од своето постоење, ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ ќе добие мултифункционална, енергетски ефикасна училишна спортска сала, која ќе биде погодна за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг и гимнастика.

Станува збор за  изградба на типска фискултурна сала Модел-1, на површина од 650м2 , во која ќе има соблекувални, санитарни јазли, туш кабини и кабинет за наставниците, а со нејзината изградба ќе бидат обезбедени и сите неопходни реквизити за наставата по физичко и здравствено образование.

Спортскиот објект е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни сали“, финансиран од Владата, а договорот за изградбата го потпишаа Министерството за образование и наука, Општина Прилеп и ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Почитувани сограѓани,

Во своето 12 годишно владеење, претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потроши над 100 милиони евра, народни пари, а ги остави учениците од „Кире Гаврилоски – Јане“ без спортска сала.

Благодарение на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ, часовите по физичко и здравствено образование во ова основно училиште се одвиваа во импровизирана училница, која ни оддалеку не ги исполнуваше основните услови за изведување на предвидените активности по овој предмет.

За разлика од нив, власта на СДСМ инвестира во изградба на спортски објекти, кои се од клучно значење во правилниот раст и развој на децата.

Со чесен и одговорен пристап, градиме по план дури и во услови на економска и здравствена криза.