(ВИДЕО) ЛУЃЕТО НА НАЌЕ ЧУЛЕВ СО ЗАКАНИ ДО НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ, ИЛИ ДА СЕ ТРГНЕ ОД ТАМУ ИЛИ ЌЕ ПРИМЕНАТ СИЛА

0
755

Новинарот Фуркан Салиу од ТВ Клан на својот Фејсбук профил објави видео од денешниот настан на МВР каде присуствуваше техничкиот министер Наќе Чулев, на кој, како што се гледа не му било дозволувано пристап до Чулев а Салиу добива и закани дека ќе биде применета сила за да го отстранат.

„Абе луѓе, ако сакате да ме #уплашите дај пратете некој поголем маж, а не Санде и компанија
Ќе примениле #сила? Хах, па нема да ви биде прв пат, јас од прес-конференциите на #ж си заминував со модрици, но пак утредента прв бев на настан, дури пред неговите к**тони
Ех, го памтам овој #Санде Смињанов кога се смени власта каков беше… Како мало јагне
Како сте, па дали е добар тонот, дали сме спремни 😊
Ама вистинскиот Санде се појави кога се вратија неговите
Тоа што се вработил во време на #Чавков и бил негов соработник веројатно оставило траги
Зошто не сфаќате дека времето на режимот помина?
Мора да сфатите дека не можете вака да се заканувате веќе
Мора да сфатите дека од мој данок земате плати
Мора да сфатите дека режим никогаш повеќе нема да дозволиме

BTW, припадници на МВР кои што не беа во униформа, збореа како треба да ми се одржи лекција, така да ако се случи да бидам нападнат во следниов период организаторот се знае“, напиша Салиу на Фејсбук.