(ВИДЕО) Лукаревска: Повратот на ДДВ е навремен и неселективен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, на прав пат сме

0
627

СДСМ е на правиот пат, кој не води кон европски вредности, патот кој не води да ги враќаме парите кај граѓаните, патот за враќање на достоинството и на зголемување на животниот стандард и од него нема да скршнеме, истакна членката на ЦО на СДСМ Сања Лукаревска на трибината „На прав пат“ во Кичево.

Порано не залажуваа, наместо по правиот пат не водеа по слепи улички и вложуваа во жални врби, галии, Скопје 2014, стиропор, споменици на знајни и незнајни јунаци, а СДСМ вложува и ќе вложува во зголемување на пензиите, во социјалните услуги, во подобрување на образованието, зголемување на платите во јавниот сектор, нагласи Лукаревска.
Мерката мој ДДВ е мерка која што за прв пат враќа пари кај граѓаните, помага во сузбивањето на сивата економија и помага на Управата за јавни приходи да се справи со сите што сакаат да направат даночно затајување, рече Лукаревска. Досега, рече Лукаревска има над 175 илјади корисници на оваа мерка, а првата исплата ќе биде во декември, кога 3,5 милиони евра ќе одат директно во џебот на граѓаните.