Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Локвенец : Со најавите за поништување на Договорот од Преспа ВМРО-ДПМНЕ ги загрозува членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ

Прес конференција, Хари Локвенец, пратеник од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ на македонските граѓани не им нуди ништо ново, освен познатите погубни политики со кои сака да ја врати државата со децении назад.
Најавите дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа директно го загрозуваат нашето полноправно членство во НАТО, како и нашата интеграција во ЕУ.
Членството во НАТО и во ЕУ на нашата држава и гарантираат безбедна и стабилна иднина, економски напредок и развој.

ВМРО-ДПМНЕ е против тоа и сака да ја врати назад заробената држава.
Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република Северна Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот.
Без Договорот од Преспа тоа наше столче во НАТО не беше можно.
Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа.

ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО?
Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО.
Ставовите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, антидржавнички и спротивни на стратешките цели на државата.

СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволат враќање на државата во мрачното минато.
Нема да дозволиме враќање чекор назад, како што посакуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Република Северна Македонија продолжува напред на прав пат, кон НАТО и ЕУ.

Доста веќе чекоревме назад. Нашиот пат е напред и ние мораме да продолжиме да чекориме напред, на прав пат!

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ЌЕРКАТА КОЈА ЈА УДИРАЛА МАЈКА СИ СО ЧЕКАН ДОДЕКА СПИЕЛА

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен...

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ КУМАНОВЕЦОТ КОЈ ОПОЖАРИЛ АВТОМОБИЛИ И ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО КУМАНОВО

Фото : Илустрација Министерството за внатрешни работи соопшти дека го...

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ