(ВИДЕО) Локвенец : Со измените на Законот за служба во Армијата обезбедуваме подобри услови за работа во Армијата

0
1200

Прес конференција на СДСМ, Хари Локвенец, пратеник од СДСМ

СДСМ е доследен во реализацијата на стратешките реформи кои се дел од процесот за зачленување на Република Северна Македонија во НАТО.

Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, предложени од Владата предводена од СДСМ, кои овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.

Измените обезбедуваат подобра амрија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО.

Со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80% од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање.

Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање.

Ова е историски успех на политиките на СДСМ, ова е историски успех за државата и за сите граѓани.

Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.