(ВИДЕО) Локвенец: Информациите за кумановскиот инцидент разузнавачките служби ги доставиле до држаниот врв

0
574

Screenshot_61-685x320

Оваа средба е остварена на покана на директорот на Агенцијата за разузнавање и имаше за цел информирање на членовите на парламентарната Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавње, за безбедносните закани и ризици со коишто се соочува Република Македонија, рече на прес конференција Хари Локвенец, претседател на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање.

Со оглед на чувствителноста на темата, секако дека не би соопштувал детали, но можам да кажам дека од моја страна и од страна на моите колеги беа отворени прашања што во изминатиов период предизвикуваат сериозна загриженост кај граѓаните, токму од аспект на безбедноста.

Од страна на службите на Агенцијата за разузнавање информирани сме дека тие редовно и навремено ги спроведуваат до надлежните сите информации со кои располагаат.

Само да биде јасно, целта на посетата беше одговор на покана на тема “безбедносни ризици“, не беше да се изврши надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка, следење на комуникациите. Тоа е во надлежност на другата собраниска комисија.

Одговори на новинарски прашања:

П1:Без да навлегуваме во детали која е општата проценка, има безбедносна опасност Р.Македонија или нема?

Водејќи сметка за времето во кое живееме, во глобални рамки, безбедносни ризици секогаш постојат. Нашата цел беше да се запознаеме со нив и да ги видиме активностите со кои Агенцијата за разузнавање се обидува да ги пресретне сите можни проблеми поврзани со нашата држава.

П2: Дали се интересиравте за сомнежите кои веќе се вртат во јавноста околу вмешаноста на функционери од Агенцијата за разузнавање во случајот на Дива населба во Куманово?

Најважниот дел по ова прашање е начинот на функционирање на Агенцијата и нејзино доставување на сите потребни и сите колектирани собрани информации до надлежните институции, до врвот на државата. Останатите активности се поврзани со врвот на државата и тоа е нешто кое не би коментирал во овој момент. Исто така не би ги коментирал ни деталите околу активностите на Агенцијата за разузнавање. Во секој случај потврдено беше и уверени бевме дека сите собрани информации од нивна страна биле пренесени до врвот и раководството на државата.