(ВИДЕО) Лалчевска : Најодговорно да ги почитуваме мерките за лична заштита, само заедно ќе го победиме коронавирусот

0
517
Прес-конференција на кандидатката за пратеничка на СДСМ за шестата ИЕ, Татијана Лалчевска.

Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува
мерките за заштита. Се докажа дека единствената причина зошто имаме нов пик на
вирусот е не почитувањето на мерките, а тоа потврдува дека само ние самите со
нашето однесување може и да го спречиме ширењето.Инситуциите нема да можат
сами ништо без наша поддршка со дисциплинирано однесување.
Вирусот е тука, опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани имаат
симптоми од него.

Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен
ризик. Затоа, оваа битка можеме да ја добиеме само ако сите без оправдувања ги
почитуваме мерките воведени одздравството и епидемиолозите.

Ако сега се посветиме сите, преку строго превземање лична заштита, ќе успееме
бројот на новозаболени да го сведеме на минимум. Ако тоа не го сториме, ни претстои
долга и тешка борба со вирусот и закана за нашето здравје, нашата економија, нашето
секојдневие.

Убедени сме дека ќе успееме, заедно ќе го совладаме невидливиот непријател.
Затоа, сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го
штитиме нашето здравје, а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје.