(ВИДЕО) Кузеска : Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок

0
121

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми
Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот “Теретана“.
За Мицкоски сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната.
Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, Мицкоски, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку тоа замислете, кажа дека  е „отсјај“ од светлото.
Целата јавност ја виде снимката среде најголемата здравствена криза.
Граѓаните видоа како Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски службеник.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Неодговорното однесување на Мицкоски е дел од истата, режимска матрица на оваа партија.
Единствена цел е да ги заробат институциите и да ги злоупотребуваат за партиски и лични цели, на истиот начин како што тоа го правеа 11 години под менторство на Никола Груевски.
Мицкоски треба да знае – времето на привилегирани, на затворање на случаите со притисоци по телефон, заврши.
Истрагата на МВР е во тек и продолжува. Истрагата ќе утврди дали Мицкоски вежбал во време кога на сила се забраните против коронавирусот и кога се затворени ваквите објекти, и дали има одговорност.
Сепак, ќе остане запаметено дека за време на најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски се однесуваше крајно неодоговорно, несериозно и незрело.