(ВИДЕО) КУЗЕСКА : ИНВЕСТИЦИЈАТА НА ,,ЛИДЛ” ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е ДИНАМИЧНА И РАЗВОЈНА

0
167

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев со дела ја потврдува силната посветеност и реализација на мерки и политики за развој на економијата, нови работни места и унапредување на животниот стандард.

Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 година, е уште еден одлучен чекор на владата предводена од СДСМ за поддршка на економијата, нови работни места и подобар живот на сите граѓани.

Како дел од овој план, познат како ИПИ 2021 – 207, најавена е и голема странска инвестиција на „ЛИДЛ“ од Германија.

Предвидено е овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.

Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје.

Со влезот на “Лидл” – познатиот синџир на маркети, ќе се поддржи и македонското земјоделство.

Обврска на инвеститорот “Лидл” е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „ЛИДЛ“ во југоисточна Европа.

“Лидл” значи и отварање на нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава.

Следната, е големата инвестиција, домашна македонска за фабрика за производство на македонски челик со целосно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана. Вредноста е 250 милиони евра и се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати.

Почитувани,

Со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 го трасираме патот кон раст и развој на македонската економија.

Ова е сериозен план на инвестиции во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра кој ќе донесе силен рестарт на македонската економија.

Остануваме посветени на креирање политики со кои силно ќе се поддржи домашното стопанство, работниците, политики кои обезбедуваат подобар живот за сите граѓани.

Благодарам