(ВИДЕО) Кратовалиев: Директорот на Идризово спроведува самовластие и тортура врз Бошкоски

0
572

kratovalievKНие на записник поставивме прашање дали од стана на судскиот совет постојат пречки досега а и понатаму да се ограничи правото на Љубе Бошкоски три месеци да излезе порано од затворот, пренесува „А1он“.

На записник, значи имаме евидентен писмен доказ дека такви пречки не постојат, не постојат ограничувања на кои се повикуваше директорот на затворот, а ние тоа целовреме го тврдевме дека има писмо кое беше пуштено во затворот до него, рече адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев.

– Ова значи дека цели триесет дена, Бошкоски се наоѓа во немилост на директорот на затворот и неговото толкување на законската одредба од членот 206 каде во ставот 1 точно и децидно се наведени условите под кои што едно лице излегува три месеци пред истекот на казната затвор.

Повикувањето на некои си дискрециони права во вид на самовластие кои сега директорот на Управата Идризово го спроведува врз Бошкоски, според мене претставува продолжување на тортурата од негова страна.

Целата изјава на Кратовалиев може да ја погледнете ОВДЕ