(ВИДЕО) КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, ГОРАН МОМИРОВСКИ НА АЛФА ТВ СЕ РАСПЛАКА – ПОРТАЛОТ НАРОДЕН ГЛАС ШИРЕШЕ ХУМОР ДЕКА СУМ БИЛ БОЛЕН ОД СИДА И СУМ СЕ ЛЕЧЕЛ ВО БЕРЛИН ПА ЗАТОА НЕ СУМ БИЛ ПРИСУТЕН ВО СТУДИОТО НА АЛФА ТВ, ОВА ВЕЌЕ НЕ Е ХУМОР, САМО НИЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ШЕГУВАМЕ КАКО ЌЕ НИ ТЕКНЕ И НИКОЈ ДРУГ!

0
558

Водителите Драган Милосавлевиќ и Горан Момировски во вечерашната емисија на ТВ Алфа во ,,Заспиј ако можеш” заедно со нивниот гостин Живаноски кој бил разочаран од Грујо па сега од Заев и сега не знае накај тера, овој пат имаа тема да говорат за лажните вести, хуморот и сатирата во земјава од страна на медиумите и социјалните мрежи.

Тие во својата емисија се жалеа дека секогаш кога ќе се пошегуваат на сметка на власта некој веднаш реагирал со негативни коментари, мемиња по Твитер или по Фејсбук или пак со некои други сатирични коментари или објави (како што пред извесен период нашата редакција се пошегува за неговото физичко отсуство во самата емисија со несолена шега).

Замислете која е тоа дрскост и кое е тоа безобразие, главните куртони на ВМРО-ДПМНЕ кои на сите неистомисленици кои ќе им одат во емисија им подметнуваат кајрони со изместени реченици и поенти од контекст, значи перфидно и кукавички импутираат зборови и мисли во кајрон на екраните кои соговорникот кој не се согласува со нивните ставови кој нити ги мисли, нити ги изговорил а потоа друг обвинуваат за лош однос во медиумите кон нив, демек се води голема харанга против нив па веќе станале жртва на јавен медиумски линч за искажан став.

Потоа во текот на својата емисија Горан Момировски се пожали на порталите ,,Народен Глас” и ,,Мактел” како премногу ги критикувале, како се шегувале на нивна сметка па и тоа дека се шегувавме на нивна сметка дека бил болен од сида па затоа е отсутен физички во студиото, се разбира не мислевме ништо лошо на колегата од Алфа ТВ но сепак сакаме да укажеме дека стапот има два краја, ако некој умее дрско да лаже јавност, ако некој умее дрско да подметнува кајрони со импутирани зборови и лаже народ ние како критички портали медиуми кон нив имаме право да се пошегуваме на нивна сметка, секако и далеку од тоа дека ние им го мислиме најлошото, им посакуваме многу здравје, среќа и успех во работата и уште долго време вака да не забавуваат и да не смеат на јавниот простор бидејќи ваков хумор каков што го приредуваат македонските Лолек и Болек на Алфа ТВ неможе човек нити во Монти Пајтон да го најде, навистина комични и смешни ликови.