(ВИДЕО) Костовски : о 24 милиони денари инфраструктурно се уредува Индустриската зона „Новине“ во Куманово

0
50

Изјава за медиуми, Мартин Костовски, пратеник од СДСМ

СДСМ во континиутет вложува во развој и унапредување на патната и комуналната инфраструктура низ целата држава.

Овде, во индустриската зона „Новине“ кај Куманово во тек е инфраструктурно уредување со што веќе се поставени илјада метри атмосферска канализација а следува и асфалтирање на површина од 2.210 квадратни метри. За овој зафат обезбедени се 24 милиони денари од Буџетот на Република Северна Македонија.

Индустриската зона „Новине“ зафаќа површина од 65 хектари и се наоѓа на атрактивна локација, има 51 градежна парцела со различна големина и е уредена за лесна и незагадувачка индустрија.

Атрактивноста на оваа локација ќе придонесе за отворање на нови погони на домашни и странски инвеститори што ќе отвори можност за економски раст и развој на Куманово, но и на целиот Североисточен регион.

Како одговорна партија, и на централно и на локално ниво, продолжуваме да работиме единствено во интерес на граѓаните. Инвестираме во проекти што носат напредок, економски раст и развој.